Светските цени на храната благо паднаа во август во споредба со јули

23

Светските цени на храната благо паднаа во август во споредба со јули, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Светскиот индекс на цените на храната за август изнесува 120,7 поени, што е нешто помалку од 121 во јули, соопшти ФАО.

Резултатот е последица на падот на индексот на цените на месото, шеќерот и житариците, а во исто време е забележан и раст на растителните масла и млечните производи.