Светските цени на храната во јануари беа најниски во последните речиси три години

13

Светските цени на храната беа на најниско ниво од февруари 2021 година во јануари, бидејќи месечниот пад на цените на житариците и месото повеќе од неутрализираше зголемувањето на цените на шеќерот, додека цените на растителните масла и млечните производи главно стагнираат, соопшти Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Светскиот индекс на цените на храната за јануари падна на 118 поени од декемвриските 119,2 поени, што го продолжи падот на светските цени на храната што започна во август 2023 година, се наведува на веб-страницата на организацијата.

Вредноста на овој индекс е 10,4 отсто или за 13,7 поени пониска во однос на јануари 2023 година.