Светските цени на шеќерот блиску до 12-годишен рекорд

Светските цени на шеќерот повторно се зголемија на ниво кое се приближува до дванаесетгодишниот рекорд.
Според податоците на Лондонската меѓународна берза ICE, фјучерсите за шеќер вчера се продавапо цена од 26,8 центи за фунта (0,453 килограми) шеќер.

Цените беа на својот врв на 19 септември, кога надминаа 27,5 центи за фунта шеќер, пишува порталот Trading Economics.

Трговците се загрижени за побавната преработка на шеќерна трска во Бразил, како и за тековната суша во некои индиски региони поради климатскиот феномен Ел Нињо.

Ако сушата во Индија продолжи, владата во Њу Делхи може да го ограничи извозот на шеќер од земјата.