Светското првенство би можело да ги зголеми акциите на европските пивари

Овогодинешното Светско првенство би можело да донесе многу потребен поттик за акциите на европските производители на пиво, вклучувајќи ги „Анхојзер-Буш ИнБев“ и „Хајнекен“, според аналитичарите на „Џефрис“.

Според аналитичарите предводени од Едвард Манди, турнирот би можел да ја зголеми глобалната продажба на пиво за  приближно 568 милиони литри.

Ваквиот раст на потрошувачката би можел да помогне и за подобра проценка на акциите на пиварите, кои моментално се тргуваат со попуст во однос на поширокиот сектор на стоки за широка потрошувачка, првенствено поради загриженоста за долгорочниот раст на категоријата алкохолни пијалоци.

Најголем победник би можел да биде AB InBev, производител на Budweiser, официјалниот партнер за пиво на Светското првенство. Аналитичарите на Jefferies велат дека компанијата е особено добро позиционирана за раст на продажбата поврзана со турнирот, но исто така очекуваат сите големи пивари да покажат подобрување во текот на 2025 година.

Освен AB InBev, и Heineken би можел да има корист, поради неговата силна изложеност на пазарите во Латинска Америка и Европа. Аналитичарите очекуваат дека позитивниот ефект од голем спортски настан би можел да влијае и на производителите на жестоки и безалкохолни пијалоци.

Светското првенство, кое заеднички го организираат САД, Канада и Мексико, започнува на 11 јуни и трае до 19 јули.