Swarovski – 120 години успех, сјај и посветеност

191

swarovski-hed-2014Иновација, креативност, совршеност, социјална одговорност се главните принципи што основачот на Swarovski ги постави пред 120 години кога го започна бизнисот со обработка на кристали.

Научник, визионер, претприемач и филантроп, Даниел Сваровски  е роден во 1862 година во Бохемија, тогашен дел од Австро – Унгарската империја, а денес историска област во Чешка.

Daniel-Swarovski-2

Уште како дете се интересирал за обработката на стакло и кристали и честопати одел во работилницата на татко му.

Неговиот интерес станувал сè поголем и конечно во 1892 година на своја 29-годишна возраст, Сваровски регистрираше патент – првата машина што обработува кристали до совршенство, многу побрзо и со поголема прецизност од тешката рачна изработката што се практикувала дотогаш.

milestones-1

Неговата креација беше почеток на една нова ера во бизнисот со кристали, темелите на една мега успешна компанија беа поставени. Во 1895 година Даниел, заедно со Арманд Косман и неговиот зет Франц Ваис официјално го стартуваат бизнисот во планинската област Тирол во Австрија.

Новите кристали што излегуваа од машината на Сваровски беа совршено цврсти, прецизно исечени и полирани додека не достигнат максимален сјај.

$_32

Во 1908 година на компанијата ѝ се приклучуваат и тројцата синови на Даниел – Вилхелм, Фридрих и Алфред и по неколку години истражувања и обиди, Сваровски започнува да произведува сопствени кристали.

Ова донесе уште поголем успех и придонесе за поголемо масовно производство. Прекрасните светкави кристали се продаваа одлично во париските модни куќи и продавници за накит, а модните дизајнери како Коко Шанел и Кристијан Диор ги додадоа како моден детаљ во своите креации.

m_54d9651cc2845639cd02a930

За време на Првата светска војна машините за обработка беа многу ретки. Сваровски ја искористува оваа ситуација и по двегодишно истражување и развој создава свои алати за обработка на кристал, па така во 1919 година настанува брендот Tyrolit, којшто и денес е еден од најголемите снабдувачи на абразивни производи и разни алати и опрема.

Најстариот син на Даниел, Вилхелм, во 1935 година го произведува првиот прототип на двоглед и со тоа ја поставува основата за уште еден Swarovski производ.

Овие двогледи кои што се продаваат под името Habicht, го трасираат патот до оптичката индустрија и ја спасуваат компанијата за време на војната. Денес, Swarovski Optik е водечки производител во светот на прецизни оптички инструменти.

3b8abc0d30ab66866697117971e2c3af

Еден малечок кристален глушец е виновен за уште еден успешен Swarovski производ. За прв пат кристалот станува уметнички предмет што се поврзува со стил и софистицираност и не е само моден додаток на облека и лустери.

Денес, колекцијата Silver Crystal вклучува повеќе од 120 различни декоративни кристали во форма на животни, овошки и разни други облици, а се достапни низ целиот свет во 13.000 специјализирани продавници.

Познатото лого на Swarovski, лебедот, за прв пат беше претставен во 1988 година и оттогаш го краси секој производ со потпис на брендот.

Swarovski 1_tcm87-22485

Swarovski вклучува неколку сектори:

Swarovski Professional – производство на кристали за модната индустрија, накит, додатоци, внатрешен дизајн и осветлување.

Swarovski Entertainment – дел од брендот што соработува со креативни таленти и партнери со цел да се подигнат финансии за производство на оригинални филмови.

Swarovski Gems – нуди широк спектар на висококвалитетни скапоцени камења изработени по нарачка.

Banner-88

Atelier Swarovski – соработка со модни дизајнери, произведувачи на накит и реномирани креаторски имиња креатори.

Swarovski Lighting – производство на системи за осветлување и производи по мерка за архитекти и дизајнери.

Swarovski Kristallwelten – место во Ватенс, Австрија каде се поттикнува идејата за комбинирање на кристали и уметност.

SWAROVSKI-FEIERTE-MIT-MODESZENE-STARS-DAS-120-JHRIGE-BESTEHEN_1430329370299796

Денес на чело на компанијата е петтата генерација Сваровски, Маркус Лангс Сваровски и Најда Сваровски.

Во 2012 година брендот регистрираше годишен обрт од 2,4 милијарди евра, продажба на производи во речиси 170 земји и повеќе од 25.000 вработени ширум светот.