Swash – машина што ја освежува облеката за само 10 минути

52

SWASH Dry Cleaning Machine 3

Кога во последен момент ќе забележите дека вашиот омилен фустан е валкан, или пак немате чиста кошула за важен состанок, вообичаено се чувствувате непријатно и станувате нервозни.

Но, тоа станува минато со машината на иднината – Swash. Оваа машина може да ја освежи, да ја испегла и да ги отстрани непријатните мириси од облеката и тоа само за десетина минути.

swash

Swash функционира на тој начин што течноста ја распрскува диретно по облеката, а потоа истата поминува низ уред во кој циркулира воздух и ја суши и сето тоа е готово за 10 минути, пренесува Daily mail.

Зад дизајнот на оваа машина за перење, чија висина е 1,3 метри, стојат Whirpool и P&G, а во предпродажба ќе чини 499 долари. Оваа машина е идеална за во спална соба или да се смести во некој агол каде што нема да зафаќа многу простор.

swash z

“Разговаравме со голем број луѓе во изминатите годините, кои велат дека посакуваат да имаат подобар начин за грижа, перење и пеглање на алиштата“, вели Чарлс Пирс, претседател на групацијата P&G.

Swash  може да се користи за тексас, волна, полестер, ликра, памук, кашмир и тантела.