Sweatworking, нов тренд во бизнисот

32

sweatworking-lead.0Sweatworking (sweat – пот, working – работење) е новиот тренд во склучување бизнис договори во САД, којшто почна да го заменува стандардниот networking. Така, наместо со скапи ручеци и вечери проследени со пијачка, продажбите и зделките сега се случуваат додека сте на јога час, вежбате фитнес, трчате, пешачите… пишува Ројтерс.

“Светворкингот (или потење на работа) се роди од потребата да се поврземе со клиентите на едно малку подлабоко ниво, што не вклучуваше само бројки и продажба”, вели Сара Сицилијано, продажен агент која при склучување на договори ги носи клиентите на вежбање.

Сицилијано, која работи во Њујорк, ги носи нејзините клиенти, кои се најчесто жени од 22 до 52 години, на час по јога, во студио за танцување и вели дека многу подобро се поврзува со нив, отколку ако седат во некој ресторан или бар на пијачка.

image

Светворкингот започна во светот на продажбата, но почна полека да се шири и кон поконзервативните и традиционални професии, како правото и банкарското работење.

Бизнис состаноците за продажба најчесто се случуваат во ресторани за време на скапи ручеци, вечери и пијачки. Сите тие оброци и испиени чашки само ги намалуваат паричниците и го зголемуваат струкот.

Новиот тренд придонесува за подобро здравје и за подлабок џеб. Се повеќе извршни директори ги носат своите стари, но и потенцијални клиенти во сала за вежбање за да разговараат за бизнис.

Најчесто тоа е возење на статичен точак, којшто воедно е и омилен час на повеќето клиенти и продажни агенти. Светворкингот вклучува лесни вежби, со цел никој да не се засрами доколку не го бидува многу за физички активности.