Swiss Re: Глобалните катастрофи во 2019 година го чинеа светот 140 милијарди долари

67

Швајцарската осигурителна компанија Swiss Re потенцира дека загубите од природни и човечки катастрофи ја чинеле 140 милијарди долари оваа година. Тоа е помалку од 2018 година кога тие загуби достигнале 176 милијарди долари.

Реосигурителната компанија, со седиште во Цирих, соопшти дека годишното истражување идентификувало природни непогоди како тропски циклони и поплави коишто предизвикале економски загуби во износ од 133 милијарди американски долари.

Од Swiss Re веруваат дека иако влијанието на климатските промени врз природните непогоди сè уште не е потврдено, се зголемуваат доказите дека климатските промени предизвикуваат сè повеќе “секундарни опасности“ како што се град и суша.

Компанијата соопшти дека тие “секундарни опасности“ предизвикале повеќе од половина од глобалните загуби во осигурувањето, кои достигнале 56 милијарди долари оваа година. Ова е помалку отколку во 2018 година кога тие загуби достигнале 93 милијарди долари. Оттаму, исто така, потврдуваат дека 11.000 луѓе загинале или исчезнале во катастрофите оваа година.