Swisslion инвестира седум милиони евра во нов погон

238

europroizvodiСрпската прехранбена индустрија Swisslion отвори нов погон во Невесиње, Република Српска, во кој се инвестирани седум милиони евра. Станува збор за реконструкција на производна хала и поставување на современа опрема за производство на овошни сокови, безалкохолни пијалоци, алкохолни пијалоци и мармалад, како и модерна опрема за производство на кечап и мајонез.

Сопственикот на Swisslion, Родољуб Драшковиќ, најави дека за еден месец ќе започне реализација на уште еден проект, изградба на нова фабрика Swisslion Требиње 2, во кој ќе бидат вложени преку десет милиони евра.

Swisslion Таково група е концерн со седиште во Белград и производни погони во Србија (Вршац и Горњи Милановац), Хрватска (Сисак), Македонија (Ресен) и БиХ (Требиње и Невесиње). Производната програма опфаќа бисквити, вафли, чоколадни десерти и намази, тестенини, супи, готови јадења, детска храна, мармалади, овошни сирупи и сирупи, аклохолни пијалоци и сладоледи.