T-Mobile купува од Nokia опрема вредна 3,5 милијарди долари за 5G мрежа

19

Фото: T-Mobile

Финскиот телекомуникациски гигант Nokia и американскиот оператор T-Mobile објавија дека склопиле договор за имплементација на 5G мрежа, како и дополнителни телекомуникациски услуги.

Како што стои во соопштението од компаниите, договорот е вреден 3,5 милијарди долари и со него Nokia ќе му ја обезбеди на T-Mobile својата комплетна 5G технологија, како и портфолиото на софтвер и услуги.

Според објавите во медиумите Nokia ги известила инвеститорите дека ги задржува истите финансиски прогнози за крајот на 2018 година (какви што се изнесени во финансискиот извештај за вториот квартал годинава), како и подобрување на своите финансии заради почетокот на имплементацијата на 5G мрежата.