T-Mobile Македонија воведе нови Family тарифи за сите генерации

49

tmobile_logoT-Mobile Македонија воведе нови, уште подобри Family тарифи, со поволности за сите членови на семејството. Корисниците на Family, Family + и Family Маx отсега ќе разговараат неограничено во најголемата мрежа на T-Mobile и T-Home корисници и ќе испраќаат неограничен број на СМС во рамките на семејството.

Новините вклучуваат и бесплатни минути за разговор кон другите домашни мрежи, неограничен супер брз Max ADSL интернет за корисниците на Family + тарифите и 80 Max TV канали со врвна слика за корисниците на Family Max тарифите.

Дополнително, сите членови на семејството имаат можност да добијат одличен паметен телефон со попуст до дури 1500 денари, како и мобилен интернет do 1 GB со активирање промотивен Mobile Surf пакет за само 100 денари месечно во Доверба 24.

Новите тарифи се достапни за сите нови и постојни корисници со или без Доверба 24. Новите корисници можат да ја одберат понудата во најблиската Телеком продавница, додека постојните Family корисници можат да се префрлат на новите тарифи со повик на 122 или во Телеком продавница.

Повеќе информации на линкот: www.t-mobile.mk