T-Mobile нуди уште повеќе поволности за COOL корисниците

34

coolОд денес T-Mobile Македонија воведува уште поволности за корисниците на најдобрата понуда за млади COOL. Отсега, корисниците за 99 денари неделно добиваат неограничени разговори кон Т-Мобиле и Т-Хоме и само 2,9 денари за целиот разговор кон другите мрежи. Оваа неделна опција се активира на 1460.

Освен овие поволности, припејд корисниците можат да одберат телефони по достапни цени, како Samsung Galaxy GT-S3570, по одлична цена од 490 денари со е-ваучер од 3.600 денари.

COOL стартуваше во мај годинава и содржи опции за неограничени разговори, СМС кон сите мрежи и неограничен интернет, како и бонуси по избор на корисникот, што е ново во понудата на T-Mobile и воопшто на пазарот. Секоја недела корисникот може да одбира нова комбинација од разговори, СМС и интернет.

За повеќе информации на www.t-mobile.mk или www.t-mobile.mk/cool.