Т – Мобиле Македонија информира дека денеска поради технички проблем дојде до краток прекин на сите услуги во мобилната мрежа во периодот од 12:35 до 12:50 часот.
Прекинот на услугите го почувствуваа корисниците на цела територија на град Скопје и поголем дел од територијата на Република Македонија.
Говорните услуги се во целосна функција, додека мобилниот интернет се уште работи со одредени потешкотии на територијата на Република Македонија и нашите стручни тимови работат на негово нормализирање во најскоро време.
Т – Мобиле Македонија се извинува за настанатите пречки и како и секогаш максимално брзо и ефикасно ќе реагира во сите ситуации за непречено користење на услугите кон граѓаните, стои во соопштението на компанијата.