T – Mobile со најповолни понуди на Blackberry Z10

20

blackberry-z10-review-blackberry-10-0Портфолиото на паметни телефони на T–Mobile, од денес е збогатено со најновиот Blackberry Z10.

Корисниците на T-Mobile, сега можат да го добијат BlackBerry Z10 во комбинација со интернет тарифа или интернет пакет по нивен избор, а моменталната понуда не вклучува дополнителни трошоци или потреба од користење на BlackBerry услуга. Најновиот BlackBerry Z10 е достапен за месечна рата од 601,00 денари, со договор за Доверба 24.

Доколку се работи за постоечки Blackberry корисник со истечена Доверба или пак корисникот користи Blackberry услуга без договор за Доверба, а сака да го користи новиот Blackberry Z10 телефон, тогаш услугата која е потребна само за стариот телефон, може да се деактивира.

BlackBerry Z10 во комбинација со интернет тарифа или пакет по избор на корисникот, му овозможува побрз и полесен начин на користење со комплетно нови функционалности и апликации. Преку BBM Video, освен видео конверзација, корисниците можат да споделуваат фотографии, резулати од пребарување или заеднички да прегледуваат бизнис документи, а новата тастатурата на допир се прилагодува на корисникот, учејќи го неговиот стил.

Новите функционалности за менаџирање проекти, интелигентен календар, супер брзо сурфање, NFC технологија за споделување со други уреди, извршување задачи со гласовна контрола, голем 4.2 инчен екран, висока резолуција и тенок дизајн е најдобриот избор за сите бизнисмени и љубители на Blackberry.

Повеќе информации за новиот BlackBerry Z10 можат да се добијат на www.t-mobile.com.mk.