T-Mobile воведе Нови Play и Smart постпејд тарифи

24

cell-phone-caller-id-2.jc.topT-Mobile го збогати своето портфолио со две нови тарифи за постпејд корисници кои се креирани за долги и опуштени разговори. Операторот воведе нови Play тарифи кои овозможуваат неограничена мобилна комуникација и Max TV на мобилен телефон, како и нови Smart тарифи за поволни разговори.

Со Play тарифите корисниците ги добиваат сите услуги на една претплата: неограничени разговори кон T-Mobile и Т-Home, вклучени минути кон другите мрежи, вклучени минути за меѓународни разговори со највисоката месечна претплата.

Дополнително, корисниците на Play тарифите добиваат вклучени SMS кон сите мрежи, супер брз мобилен интернет до 42 mbps плус 500 бесплатни Hot Spot локации, а можат да ги следат Лигата на Шампиони и уште 19 домашни Max TV канали на мобилен телефон бесплатно со mobile MaxTV.

Новите пак Smart тарифи, на корисниците им овозможуваат бесплатни разговори кон сите T-Mobile и T-Home корисници, вклучени минути за разговори кон другите домашни мрежи, како и вклучени SMS кон сите домашни мрежи со највисоката претплата.

Play и Smart тарифите се достапни за сите постојни и нови корисници на T-Mobile, со или без Договор за Доверба. За префрлање во новите тарифи, корисниците можат да се јават на 122 или да појдат во најблиската Телеком продавница.