Фото: BenCullisWatson
Британскиот дизајнер Бен Кулис Ватсон создаде канта којашто го рециклира кујнскиот отпад во органско ѓубриво. Thai bin за две недели го претвора отпадот од храна во компост (квалитетно органско ѓубриво) и течно ѓубриво за собни растенија, пишува Dezeen.
При процесот на рециклирањето на отпадот се користи јапонски метод (bokashi) којшто користи ферментација за да го распадне ѓубрето елиминирајќи го нередот во кујната и мирисот.
Кантата ја отстранува течноста од отпадот и ја складира во посебен оддел. Оваа течност може да се користи за “потхранување“ на собните растенија.
“Сакам да ја променам перцепцијата на луѓето за отпадот. Има и други производи на пазарот коишто користат црви или други механизми, јас најдов поинаков метод“, вели Ватсон.