Хотелиерот и претприемач за недвижнини од Хонг Конг, Стефан Хунг, ја направи најголемата порачката во историјата на автомобилскиот гигант Rolls Royce.Тој од компанијата побара изработка на 30 автомобили Rolls Royce Phantom, чија вредност се проценува на 20 милиони долари, пишува Business insider.
Овoј возен парк од скапи и автомобили изработени по мерка ќе бидат во сопственост на хотелот Louis XIII и казинот во Макао на Хунг, а главната намена ќе им биде превоз на богатите коцкари низ градот.
Хунг ветува дека до 2016 година во полн сјај ќе блесне овој луксузен комплекс. Најскапиот апартман во хотелот ќе чини “само“ 130.000 долари за една ноќ.
“Ние во Rolls RoyceMotor cars сме среќни и почестепни што господин Хунг ни ја даде приликата да ја реализираме најголемата порачка во историјата на компанијата“, вели главниот извршен директор на Rolls Royce, Торстен Милер Отвоес.
Внатрешниот дизајн на автомобилите ќе биде во согласност со идејата и замислата на проектот на Хунг.
Во прилог на возниот парк, Rolls Royce ќе им даде соодветна обука на шоферите што ќе ги управуваат овие лускузни автомобили.