Тајните на успехот на Calvin Klein

406

calvin-klein-logo

Компанијата Calvin Klein е американска модна куќа основана од дизајнерот Келвин Клајн. Седиштето на компанијата е во Менхетн, Њујорк и во овој момент нејзин сопственик е Филип Ван Хаусен.

Основачот на овој моден бренд е роден на 19 ноември 1942 година во Бронкс, Њујорк. Неговата баба била шивачка, од каде е неговата голема љубов кон шиењето, а подоцна и кон модниот дизајн. Клајн учел во средно училиште за уметност и дизајн, а потоа во 1962 година дипломирал на Институтот за мода и технологија.

kelvin klajn

Четири години по неговото дипломирање, Келвин заедно со неговиот другар од детството, Бери Шварц, ја лансираа првата машка модна линија. Охрабрени од добрите резултати, двајцата модни дизајнери и бизнис партнери, ја прошируваат својата работа и на женска облека.

Во 1968 година, Клајн ја основаше фирмата Calvin Klein Limited со 10.000 долари. Една година подоцна Клајн се најде на насловната страница на Vogue магазинот.

Со текот на годините се нижеа успешните колекции, но и контроверзи поврзани со овој бренд. Провокативните реклами во 90-тите години од минатиот век предизвикуваа лавина од реакции и наидуваа на големи критики, а компанијата беше маркирана како социјално неодговорна. И покрај се, Келвин продолжи со својот стил во маркетингот.

Контроверзиите не беа дел само од професионалниот живот на Клајн. По двата неуспешни бракови, Келвин имал врска со 21 годишниот Ник Грубер, поранешна порно ѕвезда.

Dior and The Weinstein Company's Opening Of "Picturing Marilyn" At Milk Gallery - Arrivals

Денес, главен дизајнер на овој моден бренд е Франциско Коста, кој соработувал со Келвин Клајн се до моментот на неговото заминување од функцијата креативен директор во 2003 година.

Извршната директорка на компанијата, Мелиса Голди, на најголемата маркетинг конференција во Кан, ги откри тајните на овој светски препознатлив бренд.

kelvin

Секогаш едноставност – најдобрите идеи се во срцето, разбирливи и легендарни.

kelvin reklama

Игра со контроверзност – создавањето работи кои предизвикуваат силна реакција во јавноста. Таквиот пристап го прави брендот да биде влијателен и незаборавен.

kelvin klajnd vt

Создавање возбуда и тензија – компанијата постојано ги поврзува луѓето со спротивставени ставови кои ги следат состаноците и снимањата и намерно провоцираат енергична размена на ставови. На крајот се добиваат одлични идеи за секој производ, што потоа ќе биде “осуден“ на успех.

ck

Почитување на културолошките разлики – Calvin Klein секога одговара на широките културни трендови, користејќи ги промените на општествените обичаи низ своите производи и преку маркетингот.

Успехот на овој светски моден бренд е резултат на користењето универзални максими и лицата на успешни актери и манекенки со цел да им се доближат производите на сладокусците во модата низ целиот свет.