Тајните зад успехот на Facebook

23

fb

Фото: Facebook

Facebook е компанија што има челно место во бизнис елитата со милијарди долари на сметка и глобален успех, што основачот Марк Цукерберг не го очекуваше кога во 2004 година започна да кодира нов проект во својата студентска соба.

Што беше клучното за неговиот успех и како сè уште по 12 години успева да се наметне над конкуренцијата, во продолжение.

Брзо дејствување

Цукерберг не трошеше време на бизнис план, не го истражуваше пазарот, не бараше советници и ментори … едноставно ја направи веб страната и ја претстави онлајн.

Едноставност

Првата верзија на the facebook беше едноставна за секој да може да ја разбере. Низ времето добиваше нови подобрени верзии, но од компанијата секогаш се трудеа социјалната мрежа да биде лесна и примамлива за користење.

Рано детектирање на решавање на проблеми

Цукерберг рано успеа да открие што може да го уништи Facebook. Подучен од проблемите на слични веб страни, тој навремено реагираше и внимателно ги контролираше, со цел да не дозволи корисниците да наидат на проблем во било кој сегмент.

Примарен фокус – производот

На почетокот Цукерберг не го интересираше бизнисот и клиентите што сакаа да се рекламираат на мрежата. Гледаше да го направи производот колку што може подобар за своите корисници. Подоцна, кога идејата доби огромни потенцијали тој пред своите бизнис соработници истакна дека првично треба да се фокусираат на социјалната мисија, а потоа на бизнисот.

Внимателно со вработување и уште повнимателно со отпуштање

Одличен тим значи успешна компанија, а за да се дојде до вистинските луѓе треба да станете експерт во одбирањето, но и во отпуштањето на вработени. Во раните денови Facebook направи неколку грешки, но брзо ги поправи. Денес, тимот вклучува илјадници вработени и функционира сосема добро.

Контрола

Компанијата од почетокот е под контрола на основачот Марк Цукерберг, којшто најмногу се грижи за градење на својата долгорочна визија.

Собирање знаење од паметни луѓе

Никој не се раѓа како совршен лидер и не ги знае сите лекции на бизнисот. Затоа, Цукерберг побара помош од веќе докажаните бизнис мајстори како Стив Џобс и Ворен Бафет, како и совети од вработените експерти во компанијата. Добро ја научи својата лекција и денес многу луѓе го следат и учат од него.

Никогаш не е готово

Штом ќе помислите дека сте постигнале успех и дека тоа е тоа, нештата ќе тргнат наопаку. Самиот Цукерберг често вели дека направиле само малку од планираното. Секогаш треба со полна пареа да се движите напред, да не застанувате, постојано да креирате, иновирате и да следите што се случува на пазарот.