Тајван го казни Apple со 667.000 долари

13

apple-taiwanВластите на Тајван го казнија Apple со 667.000 долари поради кршење на законот за фер трговија и мешање во одредување на локалните цени на iPhone.

Според Комисијата за фер трговија, продажната филијала на Apple во оваа земја се мешала во одредувањето на цената и висината на ратите за купување на мобилни уреди кај три локални провајдери на телекомуникациски услуги и покрај тоа што им ги продала правата за дистрибуција на телефони, пренесуваат агенциите.

Со истрага е утврдено дека Chunghwa Telecom, Far EasTone Telecommunication и Taiwan Mobile поднеле ценовни планови за одобрување, при што Apple од провајдерите барал измена или прилагодување на цените.