Тајван сака да произведува чипови во Источна Европа

82
Closeup of electronic circuit board with CPU microchip electronic components background

Тајван размислува за соработка во областа на полупроводниците со три источноевропски земји. Одлуката најверојатно ќе наиде на поддршка од Брисел, кој им се додворува на тајванските компании со чипови со надеж дека ќе ги привлече да ги произведуваат нивните производи во ЕУ.

Тајван е еден вид технолошка „суперсила“ – дом на компании како TSMC, што е поврзано со надежите за справување со глобалниот недостиг на чипови. Недостигот принуди многу производители на опрема да го ограничат своето производство. Меѓу нив има компании за потрошувачка електроника, апарати за домаќинство, автомобили, медицинска опрема, забележува Ројтерс.

Кунг Минг-Хсин, кој го предводи Националниот совет за развој на Тајван, им изјави на новинарите по посетите на Словачка, Чешка и Литванија минатиот месец дека сите три земји изразиле јасен интерес за можно производство на чипови во соработка со оваа азиска земја.

Тајван ќе формира работни групи со трите земји за да ги проценат можностите за соработка. Покрај тоа, Тајван може да обезбеди стипендии за техничка обука, додаде Минг-Хсин.

„Целиот синџир на снабдување со полупроводници е огромен. Многу земји можат да играат различни улоги“, рече шефот на Националниот совет за развој на Тајван.