Take-Two Interactive ја купува Zynga за 12,7 милијарди долари

100

Компанијата за игри Take-Two Interactive со седиште во Њујорк соопшти дека ќе издвои 12,7 милијарди долари за да го преземе конкурентот на пазарот, Zynga со седиште во Сан Франциско.

Познатиот производител на видео игри, познат по Grand Theft Auto, Red Dead Redemption, NBA 2K, BioShock, Borderlands, Civilization и Mafia, ќе ја купи Zynga, компанија „специјализирана“ за создавање игри за мобилни платформи, позната по Farmwille, вклучувајќи мешавина на готовина и акции, пренесува The Verge.

Акциите на Zynga ќе се плаќаат по цена од 9,86 долари по акција, што е за 64 отсто над цената што ја постигнаа по затворањето на берзата на крајот на минатата недела. По објавувањето на оваа вест вредноста на акциите на Zynga порасна за цели 49 отсто, додека акциите на Take-Two Interactive паднаа за 10 отсто. Пазарната капитализација на Take-Two interactive моментално се проценува на околу 16,6 милијарди долари.