Такси компании обединети против Uber во старт-ап вреден 250 милиони долари

20

karhoo

Старт-ап стар 10 месеци собра 250 милиони долари, а планира да собере преку една милијарда долари, во амбициозен обид да го надмине Uber.

Karhoo, основана од британски претприемач, со седиште во Њујорк, најави стартување на апликација во јануари следната година со поддршка на неколку високо профилирани партнери и помошници. Претседател на Управата на компанијата е Ерик Даниелс, поранешен извршен директор на Lloyds Banking Grоup, пишува The Financial Times.

Karhoo обезбеди мрежа од 200.000 возила преку договори со сопственици на локални такси компании. Услугата ќе почне да ја пружа во Лондон, Њујорк и Сингапур, а потоа планот е да се шири и во други градови.

Новиот старт-ап доби финансиска поддршка од влијателни луѓе во светот на бизнисот, но и покрај тоа, се соочува со веќе успешна конкуренција. Uber располага со 10 милијарди долари, што му овозможува да се шири по целиот свет и да нуди пониски цени.

Основачот на Karhoo, Даниел Ишаг вели дека Uber не може вечно да ги спушта цените, особено ако мисли да излезе на берза. Смета дека неговата компанија може да воспостави рамнотежа на пазарот. Тој нагласи дека ќе работат со лиценцирани такси компании и на тој начин ќе ги избегнат регулаторните проблеми.