
Сте се прашале зошто количката никогаш не оди право? Можеби не е случајно – трговците имаат своја логика зад тоа.
Проблемот со количката не е невообичаен и често не исфрла од колосек, особено кога сакаме брзо да купиме.
Речиси секој барем еднаш бил фрустриран со количката за пазарење која може да се турка само со напор – или затоа што тркалата и се заглавени, или затоа што не оди во насоката во која ја туркате.
Друга фрустрирачка ситуација доаѓа по плаќањето. Секој кој потоа сака да ја турне количката до автомобилот често наидува на проблеми при напуштање на продавницата – или најдоцна при напуштање на паркингот: тркалата наеднаш престануваат да се вртат, а туркањето на количката станува невозможно или крајно заморно. Зад двата случаи често се крие тактика смислена од трговските центри.
Со помош на навидум скршени колички, германските трговци сакаат да ги натераат клиентите да се движат побавно низ продавницата и почесто да застануваат. Овие кратки паузи ги тераат клиентите повнимателно да ја разгледаат стоката на полиците – и можеби да одлучат да купат нешто друго, наместо само брзо да поминат низ продавницата, пишува магазинот Phoenix.











