Тактики за мотивација што може да се научат од децата

95

Често пати се вели дека треба да го негуваме детето во себе. Тоа е така бидејќи децата имаат големи соништа, силна мотивација, чисто срце. Иако возрасните се модел од којшто треба да учат децата, сепак и возрасните имаат што да научат од нив.

Секој ден за децата почнува со насмевка и голема радост. Отвореноста кон нови предизвици може да ја разбуди вашата креативност и да ве однесе на непознати и нови места.

Научете да кажете НЕ. Кога нешто не ви одговара, не сакате да го правите, не се измачувајте, туку едноставно кажете НЕ. Децата се едноставни и искрени, па кога нешто не им се допаѓа, тоа го кажуваат без никаква задршка.

Потрудете се секојдневните обврски да ги претворите во детска игра. Верувајте во себе, уживајте во тоа што го работите и посветено гледајте на она што се “крие“ во мејловите, папките, документите…

Фото: Pixabay