Танзанија планира да го изгради најдолгиот мост во Африка долг 50 километри

103

Танзанија планира да го изгради најдолгиот мост во Африка, долг 50 километри, кој ќе го поврзе копното со Занзибарските острови за да го олесни движењето на луѓето и трговијата.

Заменик-министерот за труд и транспорт на Танзанија, Џефри Касекенја, откри дека преговорите за изградба на мостот, кои почнаа на 11 март, напреднале далеку, пренесе „Бизнис инсајдер“.

Според Касекенја, кинеската инженерска компанија COVEC изразила интерес да помогне во изградбата на мостот.

Заменик министерот рече дека идејата за изградба на мостот ќе вклучува партнерство во бизнис секторот и дека двете страни, и во Танзанија и во Занзибар, исто така ќе работат на деталите.

Најдолгиот мост на светот е долг 164 километри и е долг вијадукт на брзата пруга Пекинг-Шангај, а неговата изградба чинела 73 милијарди евра.

Фото: Pixabay