Таргет Груп ДОО Скопје е во фаза на реализација и имплементација на грант од Европската Банка (ЕБОР)

30

target

Компанијата Таргет Груп е во фаза на реализација на грант за подобрување на платформата БизнисМрежа.мк, во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Со овој грант ќе се подобрат постоечките модули, а воедно платформата се збогатува со нови корисни алатки кои на корисниците им овозможуваат носење на квалитетни деловни одлуки. Со оваа имплементација, на платформата е овозможена компарација на финансиски податоци за сите компании во Р.М. Модулот – компарација на брз и едноставен начин врши споредба на повеќе правни лица одеднаш, компарирајќи ги нивните резултати од работењето (приходи, добивка, обрт, ефективност, задолежност итн.).

Платформата БизнисМрежа.мк како единствена од ваков тип во државата, постојано работи на подобрување на перформансите и корисничката искористеност. Во оваа фаза ќе биде направена промена во системот за наплата (билинг систем), со што платформата станува по пристапна за помалите компании, а воедно е економски поисплатлива за сите останати корисници.

БизнисМрежа.мк продолжува да ги користи сите расположливи и јавно достапни ресурси, со цел на своите корисници да им овозможи брза и едноставна проверка на своите деловни соработници.