Taste Community – ресторан каде гостинот плаќа колку сака

100

openingdayannoucement_12042017Фото: Taste Community

Ресторанот Taste Community на сопружниците Џеф и Џули Вилијамс во Тексас за кусо време стана еден од најпосетените ресторани, објави Dallas News.

Таму се јаде и пие без утврден ценовник, а корисниците на услугата плаќаат по принцип на донации кој колку може и сака. Ресторанот така функционира откако е отворен, во декември минатата година. Идејата на сопствениците е да бидат најадени сите, дури и оние кои немаат никаков приход.

Ресторанот засега работи непречено, одржливо, односно висината на “донациите“ на месечно ниво се исполнува. Секој месец потребни се 10.000 долари за покривање на фиксните трошоци.

За да помогне во исполнувањето на целите, ресторанот нуди токени за оброк за 20 долари со коишто може да се покрие ручекот, а постои и лесна опција за донација на веб-страницата на Taste Project. Поголемиот дел од клиентите ја користат услугата со токени, односно од 75 до 85 гости на ден, обично во петок, ручаат со таа претплата.

На менито секојдневно има вкусни јадења, дело на Џеф кој е самоук готвач. Растителни ракчиња прелиени со крем од сирење, рижото со чили и бифтек, грашок со лимон и јајце, јаболкова супа, се само дел од најбараните порции. Не помалку нарачувани се и супа од моркови со кокосово млеко, зачинета со ѓумбир и кари, како и бургер со печени компири. Вечерата допрва ќе се стави на редовно мени, а планирани се и специјални менија во пресрет на велигденските празници.

Сопствениците засега се задоволни од динамиката на бројот на гости и според нив, недостига уште минимален број на редовни клиенти, за да ја постигнат конечната цел и ресторанот да стане самоодржлив во наредните пет години.