Tasting Ideas #4 и Follow the fellow во Хаб Скопје

22

img_20161129_171852

Во вторникот, во Хаб Скопје се одржаа настаните Tasting Ideas #4 и Follow the Fellow.

Follow the fellow e информативен настан од едукативен карактер, на кој гостинот на настанот ја споделува својата инспиративна приказна. Гостинот зборува за сопствените професионални искуства и предизвици, а во директна комуникација со присутните, се споделуваат мислења од различни области. На овој настан зборуваше Весна Кузмановиќ, која ја пренесе својата професионална приказна како ментор, истражувач и претприемач.

1

Tasting Ideas e настан што Хаб Скопје го одржува еднаш месечно и е од отворен карактер. Целта на овој тип настани е да им даде платформа за размислување и формирање на идеи на луѓето од креативната/бизнис/социјална заедница. Вкусувањето идеи значи и споделување, нуди можност за соработка, слобода на иновативноста, заеднички насоки, различни перспективи, јакнење на вредностите и дружење кое може да прерасне во успешна приказна.

15181607_620409244813353_3290283748243563617_n

Повеќе на следниот линк.