ТАВ: Отворена новата продавница на ATU Duty Free на скопскиот аеродром

89

Нови брендови како Armani, Prada, Buckley, Fossil, Tommy Hilfiger, Travel Blue, Cartier, Narciso Rodriquez, Tom Ford и Tikiri сега им се достапни на патниците во заминување на Меѓународниот Аеродром Скопје

Нова и реновирана бесцаринска продавница управувана од ATU Duty Free, која е во партнерство со ТАВ Аеродроми, еден од глобалните лидери во аеродромско работење, како и со Gebr.Heinemann/Unifree, две од најискусните компании за бесцаринско работење, беше отворена денеска (23 декември), на Меѓународниот Аеродром Скопје, со свечено сечење лента и подарок за првиот патник којшто ја посети продавницата.

Главниот извршен директор на АТУ, Ерсан Арџан; Мурат Демираг, Менаџер за операции на АТУ во Северна МакедонијаГенералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак и Благој Бочварски, Министерот за транспорт и врски, на денешната свеченост пресекоа лента и го означија официјалното отворање на новата продавница на ATU Duty Free на Меѓународниот Аеродром Скопје.

Веднаш по церемонијата за отворањето, претставниците на АТУ го пречекаа првиот патник што ја посети продавницата со прекрасен подарок од нивниот разновиден асортиман на производи. Патникот беше пријатно изненаден и задоволен.

„Среќни сме што со нашите инвестиции во продавниците и со проширените операции на аеродромите во Скопје и Охрид придонесуваме кон развојот на цивилното воздухопловство и туризмот на Северна Македонија. Турција и Северна Македонија делат длабоко вкоренети историски, економски и културни врски, а ние сме среќни што градиме мост меѓу двете земји во полето на воздухопловството. Досега, во Северна Македонија имаме инвестирано приближно 1 милион евра. Уште од почетокот на нашето работење на скопскиот и охридскиот аеродром во 2010 година, постигнавме значителен раст на нашите бесцарински операции и работење. Паралелно со проширувањето на нашите операции, нашиот придонес кон вработувањето исто така се зголеми. Денес се собравме овде да ја отвориме нашата главна бесцаринска продавница, каде што го завршивме проектот за проширување со инвестиција од речиси половина милион евра за да одговориме на зголемениот број патници, побарувачката во бесцаринските продавници и нашето проширување на операциите во согласност со идните проекции што ги имаме за Северна Македонија. Нашата главна бесцаринска продавница на скопскиот аеродром ќе продолжи да им нуди на патниците уникатно шопинг искуство со огромен асортиман на производи, вклучително и локални производи, заедно со светските елитни брендови на површина од 362 квадратни метри” – изјави Ерсан Арџан, Главен извршен директор на ATU Duty Free.

Новата продавница на ATU Duty Free е во срцето на салата за заминување на аеродромот. Патниците и туристите се поканети да истражат и да искусат сосема ново шопинг искуство.

„Како аеродромски оператор, ТАВ секогаш се стреми и секогаш ги вложува своите напори да ги обезбеди најдобрите аеродромски услуги и аеродромско искуство на своите патници и клиенти. Затоа, среќни сме што денеска можеме да го прославиме  отворањето на новата бесцаринска продавница на ATU Duty Free, нашата сестринска компанија којашто е тука со нас, присутна на македонскиот пазар и на македонските аеродроми, од 2010 година. Веруваме дека оваа нова бесцаринска продавница ќе претставува уште една додадена вредност на искуството и придобивките на патниците додека патуваат преку Меѓународниот Аеродром Скопје.  Од денес, нашите ценети патници и клиенти ќе ја имаат привилегијата и предноста да уживаат во нивното единствено и уникатно бесцаринско шопинг искуство во оваа концепт продавница. Во исто време се радуваме за АТУ и за нивната голема инвестиција во оваа нова продавница и нивното опширно портфолио за бесцаринско работење кое сега дополнително го подобрува шопинг искуството при патување од скопскиот аеродром.” – изјави Метин Батак, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Покрај веќе вообичаените и добро познати бројни категории на брендови и производи што ги нуди АТУ, патниците сега можат да купуваат од широкиот асортиман на збогатени категории на производи и портфолио на брендови, вклучувајќи ги новововедените и изложените брендови и производи, како што се очилата за сонце на Armani и Prada, аксесоари на Buckley, часовници на брендовите Fossil и Tommy Hilfiger, аксесоари на Travel Blue, потоа парфеми на Cartier, Narciso Rodriquez, и Tom Ford, како и играчките на Tikiri.

Покрај новата обновена бесцаринска продавница од 326 квадратни метри, ATU Duty Free управува и со други комерцијални области на двата македонски аеродроми, т.е., продавница за македонски вина од 32 квадратни метри на аеродромот во Скопје, каде што патниците можат да избираат од разновидните локални производи и во исто време да ја почувствуваат македонската култура споена во понудата од селектиран избор на регионални вина и храна, како и бесцаринска продавница од 50 квадратни метри на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид.