ТАВ прогласен за најдобар изведувач на годината

30

esenboga_ddb_2007b_LBF8466.jpgТурската компанија ТАВ беше избрана за најдобар изведувач на годината на четвртиот Emerging Markets Airport Awards што се одржа во Абу Даби во средата, пишува Заман.

“Горди сме што сме избрани како најдобри изведувачи на аеродроми во регионот, со најголем обем на аеродромски инвестиции во светот”, изјави директорот на TAV Construction за Блискиот Исток, Јусуф Акчајоглу.

Акчајоглу истакна дека TAV Construction се вклучени во успешни регионални проекти како што се Хамад меѓународниот аеродромски комплекс во Катар и изградба на зградата на терминалот на аеродромот во Абу Даби и додаде дека вкупната вредност на договорите на компанијата во регионот на Персискиот залив изнесува 11 милијарди долари.

TAV Construction работи под чадорот на ТАВ Холдинг, фирма која работи како оператор на аеродромите во Истанбул, Измир и Анкара, како и на аеродромите во Македонија, Грузија, Латвија, Саудиска Арабија и Тунис.