#TeamTrees е кампања започната од YouTube ѕвезди со цел да се засадат 20 милиони дрвја на различни места во светот.
Пошумувањето треба да започне во јануари следната година, а се очекува да биде комплетирано во декември 2022 година.
Иницијативата е на Џими Доналдсон, познат како MrBeast, кој има 20 милиони следбеници на својот YouTube канал.
Засега собрани се доволно пари за засадување на 10,5 милиони дрвја, но кампањата е сè уште во тек, пишува Inhabitat.
Околу 600 YouTube ѕвезди досега се приклучиле на иницијативата #TeamTrees, а ги поттикнуваат и своите следбеници да го направат истото.
Со секоја донација од еден долар се засадува едно дрво. Во првите 48 часа откако кампањата старуваше на 25-ти октомври, биле собрани повеќе од пет милиони долари.
Фото: Pexels