Истражувањата покажуваат дека еден просечен човек во текот на својот живот пролева околу 64 литри солзи. Јапонскиот дизајнер Кеита Сузуки, воден од таа идеја, ја создаде фотелјата Tear drop. Неговата цел е ова симболично парче мебел да ги потсетува луѓето на сите среќни и помалку среќни моменти во животот поради кои пролеале по некоја солза.
Фотелјата е направена од винил пластика со дебелина од 0,3 милиметри, што овозможува да се почувствува внатрешноста.
Дизајнерот освен на сентименталниот, со оваа фотелја обрнал внимание и на еколошкиот момент. Каде и да се постави не ја оштетува површината на која ќе се постави, па доколку се користи во природа не ја уништува тревата.
Сузуки тврди дека чувството да седите на вода е нешто што ретко може да се доживее.