TeaSquares – енергетски оброк со вкус на чај

40

3496102f28342d32fa59a3d24cc14414_original

Фото: Kickstarter

Тројца млада ентузијасти од Чикаго, чија цел е подигање на свеста за здрава исхрана, креираа енергетски мини оброци со различни ароми на чај.

Стартапот Tea Squares верува дека бизнисот со храна игра многу важна улога во враќање на економската виталност на заедниците на коишто тоа најмногу им треба.

Преку нивната Fellowship програм нудат и можности за вработувања на млади луѓе од недоволно развиени заедници. Оброците Tea Squares ги има во секакви вкусови од протеински бадеми до просо, а сите имаат арома на различни чаеви.

Освен одличниот вкус, тие даваат енергија за полесно да се преброди работниот ден. Ги има во пакувања од три големи ќесички, 20 ќесички за индивидуална употреба, а постои и можност за вработените сами да си дизајнираат вкус.

Tea Squares досега имаат собрано 10.066 долари на платформата за групно финансирање Kickstarter, а потребни им се 10.000. Кампањата трае уште 29 дена.