Teddy капути – хит оваа зима

269

Капутите се безвременски кога станува збор за студените зимски денови. Оваа сезона сме сведоци на трендот што го диктираат таканаречените teddy капути. Станува збор за меки и топли капути, што почнаа да се носат на почетокот на минатата година.

Инаку овој вид на капути датираат од почетокот на 20-от век. Тогаш се појавиле и првите автомобили, но бидејќи немале парно, елитата што се возела во нив морала да се згрее во студените зимски денови. Така настанале капутите што се комбинација од алпска волна и ткаенина од мек памук.

Денес ги има во различни бои, дезени и со интересни кроеви.

Фото: Facebook