Тедески: Еден тон чоколадо на 200 квадрати рекламен простор

129

Во најновата објава на деловната социјална мрежа LinkedIn, претприемачот и сопственик на Atlantic Group, Емил Тедески објави фотографија од трамвај “украсен“ со реклама за неговата Jimmy Fantastic чоколада.

Под фотографијата Тедески напиша: “Ставивме тон чоколадо на 200 метри квадратни огласен простор. Ние сме Atlantic Group“.

Инаку, чоколадото од рекламата е еден од новите производи во портфолиото на компанијата, бидејќи какаото доаѓа од западна Африка во соработка со организацијата Cocoa Horizons, а се произведува во фабрика во Белград. Од класичните чоколади се разликува по дизајнот, обликот, вкусот, но и маркетинг кампањата, пренесува Пословни дневник.

Фото: Facebook