Почетна Новости Европа Технолошки гигант ги прави двата двата најголеми ветропарка во светот

Технолошки гигант ги прави двата двата најголеми ветропарка во светот

48

Apple објави дека ќе ги направи двата најголеми паркови на ветерници на светот, во Есбјерг, Данска, а сè со цел на инвестирање во обновлива енергија.

Apple соопшти дека 200 метри високите турбини би требало да произведуваат 62 гигават час енергија секоја година, што според соопштението на оваа компанија е доволно да напојува речиси 20.000 домови. Тие ветропаркови ќе послужат и како експериментален полигон за ветротурбини на иднината, пренесува SEEbiz.

Струјата којашто ќе се произведува во Есбјерг е наменета за центарот за податоци на Apple во Виборг на северозападот на Данска. Со помош на тој дата центар, функционираат App Store, Apple Music, iMessage, Siri и други сервиси во Европа.

Минатиот месец, Apple објави дека сака да стане компанија што во работата на своите центри не ја користи карбонската енергија до 2030 година, а инвестицијата во ветротурбини би требало да ѝ помогне на компанијата на тој пат.

Фото: Freepik