Технолошките гиганти Google, Facebook и Microsoft би требало да плаќаат поголеми корпоративни даноци во земјите во развој, на коишто им ускратуваат околу три милијарди долари приходи од даноци.
Како што пишува ВВС, на сиромашните земји им се ускратени околу 2,8 милијарди долари даночни приходи што би можеле да се искористат за неутрализирање на пандемијата.
Се претпоставува дека станува збор за пари коишто би можеле да се искориста за подобрувае на здравствениот и образовниот систем во овие земји, што се некои од најсиромашните во светот, посебно затоа што многу технолошки гиганти бележат поголеми приходи во услови на пандемија.
Со тие 2,8 милијарди долари би можеле да им се исплатат плати на 729.010 медицински сестри, на 879.899 наставници во основни училишта за цела година во 20 земји во Африка, Азија и Јужна Америка.
Истражувањата покажуваат дека Google, Facebook и Microsoft најмногу им ги ускратуваат даночните приходи на земјите во развој, како што се Индија, Бразил, Индонезија, Нигерија и Бангладеш.
Фото: Freepik