Технолошки иновации што ќе ја обележат 2020 година

282

Преминувањето во новата декада на 21 век ќе донесе многу иновации на технолошко поле. Доаѓа 5G мрежа, потоа проширена реалност, автономни возила…  Кога доаѓа крајот на годината, често гледаме назад во изминатиот период, но правиме и планови.

Ако ефикасно го планирате вашиот приватен и деловен живот за наредниот период, добро е да бидете запознаени со тоа кои технологии може да ви бидат достапни.
Една од технологиите што крена многу прашина во претходниот период е мрежата 5G. Само најавувањето на 5G мрежата отвори многу дебата. Се верува дека оваа мрежа ќе стане неопходна во наредните години, а можеби и веќе во 2020 година, особено за компаниите.

Изменета реалност

VR (виртуелна реалност) и AR (проширена реалност) стануваат сè позастапени во секојдневниот живот. VR е технологија којашто го носи корисникот во друга реалност, додека AR технологијата го подобрува опкружувањето. Двете технологии имаат голем потенцијал во индустријата за забава и игри, но и во областа на образованието и учењето. Тие можат да се користат, на пример, за едукација на млади хирурзи, но и за маркетинг.

Компанијата Tesla, на Илон Маск работи на креирање автономни возила.
Многу автомобили веќе имаат можност да сопираат, да држат растојание, да паркираат, да вклучуваат светла…

Фото: Pexels