Технолошки компании бараат субвенции за производство на чипови

58

Неколку технолошки гиганти, вклучувајќи ги Apple, Microsoft и Google, им се приклучија на водечките производители на чипови во формирање на лобистичка група којашто од официјален Вашингтон ќе бара субвенции за производство на чипови.

Новооснованата коалиција Semiconductors in America, меѓу чии членови е и Amazon Web Services, објави дека од американскиот законодавец побара да обезбеди финансирање на законот Chips for America, за којшто претседателот Џо Бајден бара 50 милијарди долари.

Групата вклучува и компании од други сектори коишто, исто така, користат чипови, како што се телекомуникациските компании AT&T и Verizon Communications, производителите на опрема, Cisco System, инженерскиот гигант General Electric и технолошката Hewlett Packard.

Го предупредиле Вашингтон дека не би требало да интервенира во корист на одредени сектори, како што се производителите на автомобили.

Глобалниот недостиг од чипови тешко ги погоди производителите на автомобили и Ford Motor најави дека ќе го преполови производството во второто тримесечје.

Производителите на автомобили од Бајден побараа да им биде обезбедено снабдување со чипови. Технолошките компании, како што е Apple, се тешко погодени од недостигот на чипови, но многу помалку од производителите на автомобили.

Фото: Pexels