Технолошките акции под притисок – Oracle најголем губитник

Американските акции паднаа по отворањето на берзата вчера, првенствено благодарение на губењето на вредноста на компанијата Oracle поради неизвесноста кај инвеститорите кога станува збор за профитабилноста од воведувањето на вештачката интелигенција.

Вредноста на берзанскиот индекс Dow Jones падна за 176 поени, или за 0,4 проценти, S&P 500 за 0,5 проценти, а технолошкиот Nasdaq за 0,8 проценти, објави CNBC.

Oracle го повлече падот на технолошките акции со загуба од три проценти откако соопшти дека остварува многу помали маржи во својот облачен бизнис отколку што аналитичарите моментално проценуваат, како и губење пари од некои договори за изнајмување на чипови произведени од Nvidia.