Технолошките гиганти под лупа во САД за инвестирање во стартапи

113

Американската Федерална трговска комисија (FTC) започна истрага за да утврди дали технолошките гиганти обезбедиле пристап до новите технологии за вештачка интелигенција (ВИ) со инвестирање во стартапи кои би можеле да ја загрозат конкуренцијата.

Федералната комисија побара од Microsoft, Amazon и Alphabet повеќе информации за тие договори.

„Сакаме да истражиме дали инвестициите на „доминантните компании“ можат да ја нарушат пазарната конкуренција“, објасни шефот на FTC, Лина Кан.

Мајкрософт потпиша договор вреден повеќе милијарди долари со OpenAI, развивачот на популарниот чет-бот ChatGPT, пренесува Hina, обезбедувајќи пристап до технологијата што сега во голема мера ја интегрира во сите свои производи.