Технолошките компании ги намалија отпуштањата во 2024 година

Отпуштањата во технолошките фирми се намалени за 42 отсто на годишно ниво, покажуваат податоците на веб-страницата Layoffs.fyi.

Податоците покажаа дека околу 549 технолошки компании ширум светот отпуштиле 152.000 работници во 2024 година, а 1.193 технолошки фирми ја намалиле својата работна сила за 264.000 луѓе, јавува Anadolu Agency.

Веб-страницата ги следи и објавува резултатите од загубата на работни места во технолошкиот свет од почетокот на пандемијата во 2019 година.

Во јануари оваа година технолошките компании продолжија да отпуштаат работници. Околу 13 од овие компании досега отпуштиле вкупно 1.390 работници, но многу помалку отколку во 2023 година, кога без работа останале 90.000 работници, додека лани розов плик добиле 34.000 работници.

Американскиот технолошки гигант Мета, сопственик на Инстаграм, Фејсбук и Ватсап, објави дека ќе отпушти околу пет отсто од своите работници во обид да направи промени во управувањето со перформансите и да вработи нов персонал за пополнување на испразнетите позиции.