Тексас: Бесплатна струја преку ноќ

43

veternici

Ветерниците во Тексас произведуваат толку многу енергија што некои електроенергетски компнии на своите потрошувачи им нудат бесплатна струја, пишува New York Times.

Корисниците ќе можат да ја користат бесплатната струја од 21 до шест часот наутро.

TXU Energy е една од компаниите којашто се одлучи на таков чекор, нудејќи бесплатна струја на околу 3.000 купувачи. Од компанијата велат дека сакаат да го променат начинот на кој купувачите ја разбираат енергијата. Оние кои ќе се одлучат да ја користат тарифата што вклучува бесплатна енергија во текот на ноќта, преку ден ќе плаќаат нешто поскапа струја.

Тексас го искористува големиот потенцијал за производство на електрична енергија од ветер.