Telekom HotSpot нуди бесплатен интернет за постпеjд корисниците на T-Home и T-Mobile

186

HotSpot2Корисниците на кој било интернет пакет од Македонски Телеком и постпејд интернет корисниците на T-Mobile ќе добијат бесплатен и неограничен интернет на Telekom HotSpot.

Корисниците на ADSL или Optic интернет од Македонски Телеком можат да се најавуваат на Telekom HotSpot со Мој Телеком корисничко име и лозинка, кои можат да ги добијат со регистрација на www.moj.telekom.mk.

Т-Mobile корисниците на постпејд пакет со месечен мобилен интернет потребно е да се јават на бројот 070/1230 за да добијат корисничко име и лозинка по SMS.

Останатите корисници можат бесплатно да сурфаат до 15 минути дневно, откако претходно ќе се регистраат на бројот 070/1230, или пак, доколку купат Telekom HotSpot ваучер од 2,24 часа или една недела. Ваучерите можат се најдат во која било Телеком продавница, или пак, во најблиската Telekom HotSpot локација.

Овозможен е и полесен пристап на Telekom HotSpot, преку мобилни апликации. Апликациите овозможуваат автоматскa најава на Telekom HotSpot и помагаат при лоцирање на најблиската HotSpot локација. Апликациите можат бесплатно да се презвемат преку App Store (iPhone/iPad) и Google Play Store (Android). При пребарување во App Store и Google Play Store треба да се употреби клучниот збор Telekom за преземање на HotSpot апликацијата.