Телеком Италија четврти оператор во Црна Гора?

55

ITALY TELECOM ITALIAМинистерството за информатика и телекомуникации на Црна Гора е во преговори со Телеком Италија за соработка, односно формирање на четврти оператор на пазарот за елекронска комуникација во државата, пренесува Радио Црна Гора.

Според нивните неофицијални сознанија, неодамна во Подгорица  со истиот повод престојувал извршниот директор за глобален развој на Телеком Инталија, Паоло Мури кој разговарал со министерот за информатика Вујица Лазовиќ.

Експертот за телекомуникации Предраг Бојевиќ остро се противи на ова и смета дека на црногорскиот пазар нема место за четврти оператор.

“Преговорите за четврти оператор се катастрофални, тоа е уништување на идејата која што ја изнесов минатата година и која што доби поддршка од Унијата на слободни синдикати. Приказната околу четвртиот оператор е поврзана со човечкиот и техничкиот капацитет кој што оваа држава го нема, како и со потребата да се зачува нешто од досегашните 300 милиони евра кои што пазарот на електронски комуникации ги поседува во Црна Гора. Навистина немам зборови”,изјави Бојевиќ за црногорското Радио Антена М.

Моментално во Црна Гора оперираат 3 оператори Телеком, Теленор и М:тел. Според податоците на Агенцијата за електроснки комуникации, од  965.000 приклучоци, на Теленор припаѓаат приближно 38%, на Телеком 36%, додека на M:тел нешто повеќе од 26% од вкупниот број на корисници на мобилната телефонија.