Телеком Словенија доби 3,2 милиони евра европски пари

42

Телеком Словенија доби 3,2 милиони евра од европските фондови за проектот eBadge, чија цел е воспоставување меѓународна паметна електроенергетска мрежа, Смарт грид, со акцент на услугите понуда и побарувачка.

Изведувањето на проектот во вредност од пет милиони евра ќе трае три години, до 2015 година, а ќе го спроведува меѓународен конзорциум на 13 партнери од пет држави: Словенија, Италија, Австрија, Германија и Финска.

Овој проект на Телеком Словенија ќе му обезбеди ширење на други подрачја и стекнување углед на национално ниво, вели водачот на службата за истражување и развој, Блаж Петернел.

Пилот – проектот ќе вклучува интеграција на систем виртуелни електрани во Словенија, Австрија и Италија и како да се придонесе за оптимизирано и побезбедно управување и пренос на електрична енергија. Учесниците во проектот ќе развијат методологија која ќе овозможи постепено ширење на пилотот паметни мрежи и во другите земји на Европската унија.