Телеком Србија основа компанија во Македонија

498

Генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ, изјави дека денес во  Македонија почна основањето на компанија која ќе се вика Мтел.

Лучиќ посочи дека ќе започне со работа за еден месец, најпрво со нудење услуги за сателитска телевизија, а до крајот на годината, како што вели, ќе бидат пуштени во употреба услуги за мобилна телефонија и оптички интернет.

“За нас, одлуките донесени денеска на економскиот форум во Скопје се многу важни, бидејќи ние сме компанија која сака да биде лидер во регионот. Имавме планови да се прошириме на пазарите во Северна Македонија и Албанија, плановите постојат од пред три години. Се обидовме да влеземе на албанскиот пазар со купување на Албански Телеком, но на крајот бевме спречени“, изјави Лучиќ ексклузивно за Танјуг.

Сепак, тој нагласува дека денес доаѓа ново време и дека се отвораат границите на економскиот развој.

“Причината поради која денес сум во Скопје е што започна формирањето на компанијата Телеком Србија во Северна Македонија и ќе се вика Мтел, како што се нарекуваат нашите компании во Црна Гора и БиХ“, посочи Лучиќ.

Фото: Facebook