Теленор го купи Глобул за 717 милиони евра

59

TelenorНорвешката телекомуникациска компанија Теленор потпиша договор со грчкиот мобилен оператор ОТЕ за купување на бугарскиот телеком Глoбул, за сума од 717 милиони евра.

Во договорот е вклучен и синџирот продавници Германос.

Се очекува договорот да биде завршен во третиот квартал на 2013 година, по завршувањето на сите неопходни процедури и одобрение од органите за заштита на конкуренцијата.

Глобул е втор по големина оператор во Бугарија, со 4,5 милиони корисници и пазарен удел од 36%. Во 2012 година Глобул и Германос Бугарија имаа приходи од 378 милиони евра.

Теленор е присутен во централна и источна Европа, во Унгарија, Србија и Црна Гора.