Telenor ќе отпушти 6.000 работници во наредните три години

23

telecommunicationФото: Pexels

Норвешката телекомуникациска компанија Telenor објави дека ќе отпушти околу 6.000 вработени поради автоматизацијата на процесот и намалената потреба од работна сила, пренесува Reuters.

Иако Telenor отпушти 2.600 работници во 2017 година, акциите на компанијата лани пораснаа за 38%. Сепак, најавите се дека наместо вработувања, во 2018 година ќе има уште неколку бранови на отпуштања.

Telenor е втора најголема норвешка компанија со 178 милони корисници од 12 држави во Европа и Азија. Проекциите за оваа година се компанијата да постигне раст од 1-2%.